ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција: Пратениците да ја почитуваат вољата на повеќе од 2/3 од граѓаните

ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција ги охрабрува пратениците, а пред се оние пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери во Собранието на Република Македонија да ја поддржат и доследно да ја испочитуваат вољата на повеќе од 2/3 од граѓаните на Република Македонија, кои не се согласија со содржината на договорот од Преспа.

Не може и не смее еден неконзистентен и асиметричен договор потпишан од неовластено лице, како и неуставен акт со многу противуставни одредби кој е потпишан и ратфициран со свесно погазување на процедура при негово донесување и ратификација да биде основа за промена на Уставот на нашата држава.

Граѓаните го кажаа својот ствав, на ред се пратениците да го испочитуваат истиот.

Нашите западни пријатели не смеат да ги обвинуваат граѓаните на Република Македонија за русофилство затоа што тоа не го чувствуваат. Најголем процент од граѓаните на Македонија се за влез во ЕУ и НАТО, но на достоинствен и цивилизиран начин без уцени и омаловажување, а најмалку преку непринципиелно мешање во нашите внатрешни работи. За неуспешениот референдум нашите пријатели треба да се знаат дека тој е резултат на нивните двојни стандарди кон Македонија и Македонците, кон неоправданото изнасилено барање за промена на сопственото име и на неосудувањето на сите досегашни историски неправди нанесени кон нас од страна на нашиот јужен сосед. Досега од западните пријателите воопшто не слушнавме осуда за драстичното кршење на Времената спогодба од првата страна, не се обидоа да ја ,,замолат” нивната членка да ја испочитува пресудата на Меѓународиот суд на правдата од Хаг, а да не зборуваме за тоа дека ниту еднаш во историјата не беше осуден геноцидот над Македонците токму од тој наш сосед.

Македонија и нејзините граѓани се достоинствени и бараат само почитување на нивното достоинство и права, онака како што се повикувате на Вашите демократски постапки, принципи и вредности.

2 thoughts on “ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција: Пратениците да ја почитуваат вољата на повеќе од 2/3 од граѓаните

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *