БЕСА:Власта да се фокусира и на секојдневните проблеми на граѓаните

Република Македонија се наоѓа низ многу чуствителна и сериозна политичка фаза а која се однесува за иднината на нашата држава, и покрај тоа што политичката ситуација е тесно поврзана и со уставните промени кои би го отвориле патот кон НАТО и ЕУ интеграциите , и како што изгледа власта заборава да се грижи за секојдневниот животот на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со поскапување на цените, економска блокада, разновидни проблеми во образование и здравство како и наголемиот проблем-заминување на младите надвор од државата.

Денеска сме сведоци да по којзнае кој пат се покачува цената на нафтенитте деривати, отежнувајќи го и повеќе буџетот на граѓаните и на бизнис секторот. Како за илустрација ви презентираме растот на цените на нафтените деривати од 2016 до денеска :

Почетокот на  2016 година – нафтата имала цена 39 денари

Декември 2017 година – нафтата достигнала цена од 54.50 денaри

Додека денеска цената на нафтата достигнала до цели 69  денари

Ако сето тоа се процентуално се пресметува со почетокот на 2016 година до денеска имаме рекордна стапка од 77% поголема цена.

Во услови кога платите на државнатта администрација, наставниците, лекарите и др се во исти износи, ние слободно може да заклучиме дека политиките на оваа влада се тотално неуспешни и животниот стандаард на граѓаните не останал ист, туку и се отежнува секојдневно.

Апелираме до власта да се фокусира и на еуро интеграциите и на секојдневните проблеми на граѓаните, кои од разочареноста и големата сиромаштија единствен спас гледаат емиграција од своите родни огништа, со намера да веќе никогаш се враќаат во истите .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *