Никола Попоски поднел оставка на функцијата член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во пост на својот Фејсбук профил пишува дека останува да членува во останатите тела на партијата, но не и дали ќе поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот конгрес.
– Оставката од ИК ја поднесов поради разлики во видувањата за изборните резултати, разлики околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана, пишува Попоски.
Додава дека останува посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.