За Александар Македонски …

ПРОБЛЕМИТЕ СО ПАРИЧНИТЕ СРЕДСТВА ВО АТИНА И ВО ДРУГИ РЕГИОНИ НА ЕЛАДА

Во пролетта на следната (323) година амбасадорите на Елада отидоа кај Александар Македонски во Вавилон за да го удостојат со златни круни. Тие се појавија не како дипломатски претставници на кралот на земјата, туку со венци на главите како „празнични амбасадори”, кои дојдоа кај Бога, како што вели Аријан. Елада се corласи со неговото барање.

Напорот за повторно средување на состојбите во Античка Грција предизвика нови наредби на Александар Македонски, издадени во Суса во пролетта 324 година. Овојпат тоа беа наредби, а ги испрати до Федералниот совет преку Никанор од Стагира. Една од наредбите што се однесуваше на локалните лиги на Атињаните, Аркадијците и Бојотијците, е нејасна, бидејќи е добиена само во осакатена форма.

Другиот проглас беше многу важен. Co него Александар Македонски нареди сите прогонети од територијата на Лигата, со исклучок на ограбувачите на храмови и убијците кои обично беа помилувани, можеа да се вратат во своите домови и да бидат целосно или делумно повторно населени на старите имоти.

Одобрението беше дополнето: во случај некој град да одбие да ги прими назад своите прогонети, Антипатер, претставникот на Александар Македонски, ќе ги примора со сила. Политички треба да се сфати овој декрет како чин на умно државништво. Иако Александар Македонски беше нападнат од едната од најлошите „болести” на античкиот грчки систем на мали држави, сепак издржа и се излекува.

Некои го ценат декретот многу повеќе, бидејќи во постојните политички услови многумина од прогонетите, што беа помилувани, морале да бидат негови политички противници. Co чинот на помилувањето тој можеби се надеваше дека ќе ги смири и ќе ги  придобие. Од друга страна, пак, очигледно е дека оваа наредба, издадена од самиот Александар Македонски, без каква и да е соработка со Федералниот совет, беше отстапување од договорот на Лигата.

Иако документот за прашањето не е зачуван, сепак според духот на договорот тоа не може да биде сомнително, бидејќи може да се направи договор само во соработка на хегемонот со федералниот совет.

am53-2
Атина

Може да се нагласи фактот дека во дискусиите за овој проглас не можат да се најдат траги на поткрепа на религиозната важност дека Александар Македонски ја доби апотеозата во градовите на Лигата. Овој последен степен на игнорирање на Федералниот совет и формирање на автократна позиција подобро може да се објасни исклучиво со широко распространетата доверба во силата на Александар Македонски.

Одлуката не е резултат од барањето апотеоза, која, како што е покажано, нема политичка цел. Напротив, таа има свои корени во истиот психолошки факт. Во декретот зборува човек кој се стремеше кон суверенитет над светот и беше определен да ги разниша непогодните окови на договорот на Лигата. Федералниот совет, на кого Никанор му го донесе оригиналниот проглас, прати препис до секој член на Лигата.

Во овој последен стадиум на развој, Александар Македонски го искористи федералниот совет едноставно како место за обезбедување на својата апсолутна и семоќна желба. Веројатно под импресија на вестите што ги слушна од Суса – масовната женидба со персиски девојки, Аристотел му го прати на Александар Македонски познатото предупредување кон Елините да се однесува како хегемон, а кон варварите како деспот. Така, учителот и ученикот повеќе не можеа меѓусебно да се разберат.

Меѓу прогонетите оваа одлука, природно, беше примена со голем ентузијазам. Кога Никанор на Олимписките игри во 324 година на свечениот собир, на кој прогонетите се собраа на веста што беше пренесена, го прочита Александровото писмо во форма на проглас, со кое кралот комуницираше со прогонетите, имаше гласно викање и задоволство.

Се претерува кога се вели дека бројот на прогонетите што се собрале изнесувал 20.000. Но, бројот ни дава приближна слика за проширувањето на револуциите во политичкиот живот, а поседите во сопственост на античките грчки држави мора да биле изземени од извршувањето на прогласот. Колку бил тежок процесот е прикажано во написот од Тегеа.

Кога Никанор се појави во Елада со тој проглас во пролетта на 324 година, а потчинетите на неговата мисија станаа злогласни, разбирливо е што во градовите се појави големо возбудување и немир. Атињаните беа најтежок случај, и затоа мораа да се вратат кај Самијските бегалци на островот Самос. Атолијците станаа немирни, бидејќи требаше да примат прогонети во Акарнанскиот град на Ониада, што го имаа окупирано.

am53-3
Демостен бил обвинет за јорупција

Тоа беше последица на големата затегнатост, зашто допатува Харпал, неверниот благајник на Александар Македонски, кој, како што видовме, избега со украденото богатство, а со цел да се спаси, ја поттикнуваше Атнна кон востание против Александар Македонски. Бидејќи и порано ја поддржуваше Атина, во услови на голема оскудност што и се случи на Елада меѓу 330 и 326 година, а како награда му беше дадено атичко државјанство, тој сега се надеваше да му се дозволи да оди во Пиреа.

По совет на Демостен одби да влезе во градот, што беше во согласност со неговото убедување. Но кога во Таенарум ја напушти војската, избега со големо богатство и дојде само со два трирема, копнеејќи да влезе како „молител”, му беше дозволено да влезе во Пиреа со помош на Филокле, стратегот во 325-324 (пред да ја промени службата во 324).

Прашањето што да се прави со Харпал беше се поделикатно, бидејќи во Атина веќе се појавија гласници, барајќи го неговото предавање, а за финансиски директор во Мала Азија беше испратен Филоксен. Бидејќи не стигнаа директните наредби од Александар Македонски, Демостен сугерираше да се затвори Харпал, а украдените пари да се депонираат во Акропол.

По извесно време Харпал избега од Атина, а луѓето беа изненадени кога дознаа дека половина од парите што тој ги донесе – нивната сума беше околу 700 таланти – беа оставени во Акропол. Што се случи со другата половина? Важно е дека наспроти законските морални норми во политичкиот живот на Атина, се претпоставува дека загубената сума пари Харпал ја употребил за корупција на водечките политичари.

Потоа започна познатата „Харпалова истрага”, која силно ја изрази расипаноста на атичката демократија во тоа време. Овде нема место во детали да се раскажува како е извршено испитувањето на случајот на Ареопаг по предлог на Демостен, како Ареопаг во 323 година по шестмесечно одлагање го публикува извештајот за виновните лица за митото што го земаа, и како народниот суд им наложи големи казни на оние што Ареопаг ги прогласи дека се виновни. Меѓу осудените кои припаѓаа кон различни политички партии беше и Демостен, кој, бидејќи не можеше да ја плати казната од 50 таланти, беше затворен.

Оваа афера со Харпал, што се однесува на парите од Александар Македонски што исчезнаа во џебовите на политичките водачи на Атина, не се сметаше дека ќе ги подобри односите меѓу Атина и кралот, кој веќе многу настојуваше да ја спроведе одлуката за прогонетите. Наспроти тоа, Атина беше изложена на ризик во очите на Александар Македонски. Напнатоста растеше кај неговата опозиција кога луѓето одлучија да не се покорат на кралската наредба за предавање на Самос.

Александар не сакаше да се откаже, а наскоро се прошири глас дека е спречен судир во војската. Дека вакви мисли беа изразени и од придружбата на Александар Македонски е потврдено со кажувањето за големата веселба во Екбатана во есента 324 година, кога некојси Горгус од Иас, еден од телесните стражари на Александар Македонски, познат од документот како патрон на Самијанците, имаше судска одлука да изврши опсада на Атина, за што Александар Македонски ќе му даде 10.000 војнички опреми, многу катапулти и друга артилерија што му недостасуваше.

am53-4
Екбатана

Наспроти оваа држава со подгреани чувства, современите прегова-рачи за прифаќање на апотеозата на Александар го покренаа прифаќањето на барањето. Како што видовме, ова прашање не беше сфатено како политичко, a Атињаните како и другите антички Грци, не се чувствуваа обврзни за признавање на Александар Македонски како божество, ниту да се покорат на неговите наредби. Можеби со оваа отстапка тие мислеа да го направат повеќе да биде наклонет кон ова политичко прашање.

Bo почетокот на летото на 324 година Александар Македонски ја напушти Суса и отиде во Екбатана, раскошниот медијански главен град на Ахеменидите. Поголемиот дел од војската го испрати кон реката Тигар под команда на Хефестион, додека тој со хипаспитите и со неколку избрани единици отплови по реката Еулај во Персискиот Залив со флотата на Неарх. Пред неговото враќање во Персепол, го фати носталгија да плови во Персискиот Залив, како и порано во Индискиот Океан, а и да се запознае со утоките на реките Тигар и Еуфрат.

Кога ја задоволи својата потреба од вакво патување, отиде по реката Тигар и пак се сретна со Хефестион. По отстранувањето на браните што ги имаа изградено Персијците за да ги спречат нападите од морето, дојде со војската во Опис.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *