ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ ВО СТРУМИЦА

Од 1-4 март следната година, во организација на Академија Пандев, Струмица ќе биде домаќин на најмасовниот и најквалитетен турнир за млади категории кој некогаш е организиран на овие простори. Турнирот ќе го носи името “Пандев Куп”, ова е негово прво издание, а се очекува да стане традиционален.

Според имињата на учесниците, тоа ќе биде вистински спектакл. Завршени се преговорите со ОФК Београд и Црвена Звезда кои потврдија дека сигурно доаѓаат. Претходно присуството го потврдија Партизан, Осијек, ПАОК, Лудогорец, ЦСКА Софија, а во тек се преговорите со Интер и Џенова. Се очекува своето учество да го потврди и Вардар.

На турнирот ќе учествуваат околу 2800 фудбалерчиња, родени 2008 и 2010 година, од 140 клубови. Според бројот, ова ќе биде секако најмасовен турнир кој е некогаш организиран на овие простори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *