Јавен повик до пратениците во Македонското Собрание

Почитувани,

Немакедонската Влада изврши ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО! Без разлика дали Заев, Димитров и Шекеринска се уценети и мора да се обидат до крај да го исполнат предавството, за вчерашниот НОВ НИВЕН КУКАВИЧЛУК ПРОШКА НЕМА! Тргнаа против сопствениот народ не есапејќи го одговорот на Македонците на нивното манипулативно референдумско прашање! Поголем грев од тоа НЕМА!

Сега жешкиот костен се префрли во Македонското Собрание. Свесни сме дека во специјалната војна против Татковината, изродите на Македонскиот народ се служат со најгнасни и подмолни притисоци врз пратениците и нивните семејства. Се закануваат, но се зборува и дека се нудат пари за да се обезбеди 2/3 мнозинство. Тоа е тежок скандал за кој некој ќе ОДГОВАРА!

Ја користиме приликата во пресрет на празникот на револуцијата 11 октомври да ги повикаме пратениците да го слушаат гласот на Македонскиот народ. Нека се потсетат на Македонските херои од НОБ кои голи и боси, со тешки жртви ја одбранија Македонија и Македонскиот народ. Затоа што знаеа да го препознаат повикот на нивната генерација! Да се биде народен избраник е голема чест! Се разбира, тоа не значи само да се уживаат привилегиите, туку и да се одговори на вака сериозни историски предизвици. Дојде време да се види на дело кој е патриот, а кој предавник! Ова важи и за пратениците на опозицијата, но и за пратениците на владејачкото мнозинство. Секој од нив треба да биде свесен за последиците. Нека не потпаѓаат на лагите дека гласањето за Уставните измени е за иднината на Татковината. НЕ, тоа НЕ Е ТОЧНО! Гласањето е за продажба на светото Македонско име и бришење на историските корени на Македонскиот народ. И ние сме за ЕУ и НАТО Алијансата, ама не сме подготвени за тоа да се обезличиме. Не постојат пари, ветувања, привилегии, како што не може да има закана која може некого да натера да оди спротивно на вољата на Македонскиот народ! ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ НЕ МОЖАТ ДА ИЗДРЖАТ НЕКА СИ ДАДАТ ОСТАВКА! ПРЕДАВСТВАТА НЕ СЕ ПРОСТУВААТ НИКОГАШ!

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ОБЕЗБЕДИ НЕКАКО 2/3 МНОЗИНСТВО СЕГА, НЕМА ДА ИМА СИЛА ДА ГО ДОДРЖИ ДО КРАЈ! УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! ТОЈ ШТО ТРГНАЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ИЗГОРИ! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ РАЗВЛАСТЕНИ! ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ТОА ЌЕ ИМ СТАНЕ УШТЕ ПОЈАСНО!

 

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *