Арсовска на Самит на „Економист“ – Земјите од регионот со исти предизвици, заедничкиот пазар ќе ги направи поконкурентни

Воспоставување заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направи регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно. Обединет пазар значи нови работни места, намалување на трошоците, побрз проток на стоки и луѓе и повеќе инвеститори во Западен Балкан.

Ова, како што соопштуваат од Сојузот на стопански којмори, го истакна претседателката на ССК Данела Арсовска која учествува на Седмиот Самит: ЕУ и Југоисточна Европа – Одржлива обнова на Балканот, во Белград, во организација на лондонски „Економист“ , додавајќи дека земјите од Југоисточна Европа повеќе или помалку имаат слични предизвици, но најголемиот заеднички предизвик што ги обединува е одржливиот пат кон економски развој, а во таа насока добрососедските односи и политичка стабилност на регионот се дел од клучните услови.

Според неа од друга страна довербата на инвеститорите е поткопана, што е уште еден голем предизвик за земјите од регионот.

– Сите се соочуваме со истите предизвици кои се и дел од барањата на Европската Унија кои мора да се регулираат, а тоа се проблемите со владеење на правото, корупцијата и нетранспарентна и брза промена на легислативата, истакнува Арсовска и додава дека справувањето со овие клучни предизвици е услов за подобрување на деловната и инвестициската клима.

Арсовска се обрати на панел на кој се дискутираше за тоа што следи за бизнисот и економијата во регионот, важноста од економска стабилност, можностите на регионот настапувајќи како единствен пазар и приближување кон ЕУ, како и за зајакнување на довербата на инвеститорите.

На сесијата е поентирано дека сега е моментот засилено да се имплементираат структурните економски реформи за поттикнување на инвеститорите и враќање на нивниот интерес за регионот.

Минатата година Самитот на ЕУ и Југоисточна Европа се одржа во Подгорица, а претходно во Виена, Букурешт и други европски центри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *