Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ја прими амбасадорката на НР Кина во Република Македонија, Јин Лисиен, по повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете земји.
Жерновски и Јин, како што соопшти МНР, размениле писма-честитки по повод јубилејот на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, упатени од највисоките претставници на државниот врв на двете земји.
На средбата станало збор за перспективите на билатералната соработка, при што заемно било истакната подготвеноста за нејзино унапредување во областите од заеднички интерес.
Двајцата соговорници размениле мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји.
– Особено ми е драго што Кина не ги дели земјите на големи и мали во географска смисла, туку на големи и мали пријатели, а Република Македонија и Народна Република Кина се големи пријатели, посочил Жерновски.