ПРЕСТАНЕТЕ СО ОБИДИТЕ ДА ГО СИЛУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Немакедонската Влада е во паника! После недела и пропаднатиот референдум Заев, Димитров и Шекеринска и официјално се развластени! Блефот со предвремени избори е провиден и трагичен! Не само што пола Влада и пола пратеници од владејачкото мнозинство се против брзи избори од страв дали ќе се најдат на пратеничките листи, туку и ДУИ на чело со Али Ахмети не е расположен за ова сценарио на СДСМ. Предавниците го изгубија политичкиот легитимитет. За брзо време ќе им стане јасно дека нема никакви шанси да спроведат Уставни измени. Приказните за наводно освојување двотретинско мнозинство на брзи предвремени избори се бајки за мали деца! Ако се точни тврдењата на Бујар Османи дека на референдумот излегле околу 250 илјади Албански гласови, доколку се потврдат сомневањата дека околу 100 илјади гласови се постигнати со инжењеринг и фалсификат и ако се земат предвид околу 50 илјади гласови на партиите на помалите етнички заедници кои се дел од власта, тогаш во неделата предавниците едвај мобилизирале 266 илјади Македонци да излезат на гласање. Има 37.700 кои гласале против и 19.221 илјади неважечки гласачки ливчиња. Значи, немакедонската Влада едвај успеала да убеди 250 илјади граѓани да гласаат за нивното велепредавство!

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ПО НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА! ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! НА ПРЕДАВНИЦИТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ИМ ЈА ИСПОРАЧА ФАКТУРАТА! ПРВО ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ПОЛИТИЧКА, А ПОСЛЕ И СО КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НИВНИТЕ ЗУЛУМИ! ЌЕ ДОЖИВЕАТ ЦУНАМИ! ЌЕ ИМА НОВО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО КОЕ ЗНАЕ КАКО СЕ ШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

Конечно ги охрабруваме меѓународните авторитети што побрзо да им поделат на Заев, Димитров и Шекеринска Нобелова награда за нивните обиди да си го продадат сопствениот народ! Се согласуваме дека речиси и да нема друг таков пример во светската историја, така посветено некој да се труди да си ја обезличи Татковината! Ним одамна веќе не им е важно што мисли за нивните постапки Македонскиот народ! Само нека ги тргнат рацете од Македонија!

НЕ ПОСТОИ ТАКВА СИЛА ШТО МОЖЕ НЕКОЈ ДА НИ ГО СМЕНИ НАШЕТО БИБЛИСКО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНИЈА НЕМА НИКОГАШ НА НИКОГО ДА СЕ ИЗВИНУВА, БРАНЕЈЌИ ГО СВОЕТО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТСВО И НАЦИЈА!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,  

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE