Честитка за историскиот успех

Браќа и сестри Македонци,

Нашата мила мајка Македонија ПОБЕДИ! Уште еднаш покажавме дека тој што тргнува против Македонија и Македонскот народ порано или подоцна ќе ИЗГОРИ! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Епилогот на референдумот е историски успех! Македонскиот народ си го одбрани светото Македонско име и идентитет! Дозволете од името на Македонска Алијанса и целата Дијаспора да упатам честитки за патриотизмот и манифестирањето на висока Македонска национална свест! Игнорирањето на референдумот беше единствено исправна одлука! Ја користам приликата да им се заблагодарам и нашите сограѓани од помалите етнички заедници кои ја испочитуваа волјата на Македонскиот народ, покажаа разбирање и застанаа заедно со нас во одбрана на Татковината!

Предавниците се во шок! Самите организираа референдум и си го добија! До крај не веруваа дека Македонскиот народ ќе го одбие нивното велепредавство! Со сите притисоци, злоупотреби на власта, полнење на кутии, здружени „топ-тан“ со сите Албански партии, во сојуз со некои партии на помалите етнички заедници, едвај стигнаа до 36 % излезност. И се обидуваат да шират еуфорија, но ги издаваат нивните ликови! Исплашени се, нивните погледи се празни, се соочија со реалноста!

Немакедонската Влада го изгуби политичкиот легитимитет! Единствената причина поради која беа донесени на власт, ПРОПАДНА! Договорот Заев – Ципрас е во тотален аут! И во Македонија, но и во Грција! Нека не лажат дека пропаднатиот референдум ќе нема влијание врз официјална Атина! Нема рокови за исполнување на нешто што НЕ ПОСТОИ ПОВЕЌЕ!

Македонската Алијанса ги повикува пратениците на ВМРО – ДПМНЕ добро да размислат за своите следни чекори. И тие малкумина што излегоа на референдумот нека си ги чукнат главите. Против Македонскиот народ не се оди! Нема и ваму и таму! Или си на вистинската страна или си предавник!

ЗАЕВ НЕМА ШТО ПОВЕЌЕ ДА УСЛОВУВА, ДА СЕ ЗАКАНУВА И ДА МУДРУВА! ЗАЕВ Е РАЗВЛАСТЕН ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ МОРА ДА ИМА СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                           Претседател,  

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *