Нова демократија: Ќе вложиме напори Договорот од Преспа да не стапи во сила

Нова демократија ќе вложи секаков можен напор за да не стапи во сила национално штетниот Договор од Преспа, соопштуваат од грчката опозициска партија во однос на референдумот во Македонија.

Во соопштението, го повторуваат нивниот став дека уште од прв момент партијата потенцирала дека договорот е национално штетен за Грција и токму затоа во јуни поднесоа иницијатива за гласање недоверба на владата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од најголемата грчка опозициска партија, коментираат дека со тоа што СИРИЗА и Независни Грци различно го перципираа резултатот од референдумот, потврдува дека „се рамнодушни за националниот интерес и му даваат приоритет на нивното останување на власт за уште неколку месеци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *