Османи: Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ

Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ и од овој пат нема враќање назад, порача денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Османи, кој во Брисел ја предводи македонската делегација, која од вчера го почна објаснувачкиот скрининг процес, на прес-конференцијата говореше на македонски, албански и англиски јазик.

– Македонија вчера и денеска испишува историја. Ова е моментот кој долго го чекавме и се подгототвувавме, сите досегашни влади. Дозволете да констатирам дека успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ. Од тој пат нема назад, рече вицепремиерот.

Хан е задоволен од досегашниот тек на реформи, но наведува дека останува уште многу работи да се завршат.

Тој вели дека нема конкретни датуми до кога треба да се спроведат реформите, особено во сферата на правосудството.

– Немам конкретни датуми, но досега сум задоволен со процесот што е направен. Останува многу работа да се заврши до следната година. Ова вклучува и силна посветеност да се испорачаат резултати и затоа ова е причината зошто не сакаме да губиме повеќе време. Затоа сме тука, рече Хан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *