АТАНАСОСКИ: СОПСТВЕНИЦИ НА НАГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ, ЗАБОРАВИВТЕ ШТО СЕ ОБЈЕКТИВНИ ВЕСТИ? ЧИВ ИНТЕРЕС СЛЕДИТЕ, СОПСТВЕНИОТ ИЛИ ОПШТЕСТЕВЕНИОТ?

Сопственикот на Телевизија Сонце Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, револтиран од големиот број необјективни и невистините информации на највлијателните медиуми во Македонија, реагира преку соопштение во кое се вели:

Сметам дека и овој пат македонските национални телевизии и покажаа непрофесионалност и необјективност во информирањето. Очигледно, парите се послатки од објективната вистина. Ги прашувам и барам да ми одговорат сопствениците на Сител, Канал 5, Алфа и Телма, дали вашите уредници и новинари ја загубија смислата за објективно и транспарентно информирање? Ги прашувам сопствениците на највлијателните телевизии во Македонија, чив интерес следите, на народот или сопствениот?

Очигледно, уште еднаш се покажа дека полесно е да бидеш измеќар на секоја Власт, отколку на гледачот.

Очигледно, сончогледот повторно е најдобрата земјоделска култура која носи најголем профит.

За среќа, јас не сум љубител на ова ртастеније, па имам поголема храброст за професионализам од оние кои имаат желба, Власта да им биде сонцето од кое ќе се хранат.

Браќа и сестри гледате, никој не се грижи за вас. Ви продаваат fake news, лажни вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *