Пратеникот од грчката партија Река, Спирос Данелис, во интервју за МИА говори дека Договорот од Преспа е праведен, напреден и одржлив компромис и договор што ги почитува приоритетите и чувствителностите на двете страни.
Според него, централно и централно-левичарски ориентираната партија Река ќе го поддржи договорот, кога тој ќе дојде за ратификување во грчкиот Парламент, изразувајќи убеденост дека ќе постои парламентарно мнозинство за негово изгласување.
Пратеникот од Река, кој во 1992 година јавно се изјасни против протестите и слоганите дека „Македонија е една и грчка“, во разговорот со дописничката на МИА од Атина вели дека со Договорот од Преспа и двете страни ги добиле елементите што ги сметале за најважни: името за грчката страна, а државјанството и јазикот за македонската. Додава дека во изминатите 27 години се изгуби огромен политички и дипломатски капитал, а единствено корист имаа квазипатриотите.
-За Грција најважното прашање е името. Односно, прифаќањето дека ПЈРМ не е единствена Македонија, бидејќи географскиот регион на Македонија се протега во Грција, во ПЈРМ и во Бугарија. Второ е напуштањето на узурпацијата од страна на националистичките кругови на ПЈРМ, на историјата на античка Македонија. Смешни работи, како Аристотел да пишувал на кирилица или Александар да не говорел грчки. За ПЈРМ, најважен, секако е кохерентниот идентитет. Признавањето на државјанството и јазикот, како основни елементи на самоопределување се најважниот успех на Заев и ја демантираат опозицијата. Паралелно, мудрата научна одредница на јазичното семејство во кое припаѓа македонскиот јазик, ги демантира тврдењата на грчката опозиција за опасност од прифаќање на иредентизмот. Во еден договор кој не е наметнат како резултат на воена победа, заемниот компромис, ги почитува приоритетите и чувствителностите на двете страни, а Договорот од Преспа ова го постигнува, вели Данелис.
Данелис порачува дека сега двете земји и двата народи имаат можност „да свртат страница, да ги обединат силите и да живеат како вистински пријатели“ и не треба да чувствуваат пораз, бидејќи единствени поразени се национализмот и безизлезните политики.
Great mix of humor and insight! For more, visit: READ MORE. What do others think?