Ѓорѓија Џорџ Атанасоски донатор на првиот споменик на Александар Македонски во Македонија

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се ангажира да го изгради споменикот на Александар Македонски и да му го подари на својот град Прилеп, не само за прилепчани, туку за сите Македонци во Македонија и надвор од неа и во светот. Тој ден сите беа во Прилеп за да се обединат и да застанат под знамето на Александар III Македонски (Велики) кој не само во Прилеп, туку ќе биде роден и во другите градови на Македонија и во другите делови на етничка Македонија

Како резултат на силната љубов и почит кон античка Македонија и кон древните корени, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на 30 јуни (жетвар) 2006 година во Прилеп ги потврди и ги одбележа со поставувањето на споменикот на Александар III Македонски.

Имено, тој го финансираше создавањето на бистата, дело на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот Македонец, кој славата на својата земја ја пренесе низ цел свет.

Дотогаш Република Македонија беше една од ретките земји каде што немаше никакво обележје за Александар. Затоа, таквото монументално дело стана македонски препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го водел во походи со цел да ги обедини народите.

Благодарение на Ѓорѓија Атанасоски Република Македонија го доби симболот на својот национален идентитет за да потсетува на незаборавот на македонската кауза. Со тоа, Прилеп градот херој, градот под Марковите кули, во 2006 година стана единствениот град во Република Македонија чиј плоштад се гордее со грандиозен споменик на македонскиот великан и војсководец Александар Македонски.

Како што великанот Александар некогаш ги обединувал народите, така и господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски со поставувањето на споменикот ја оствари својата обединувачка мисија.

Затоа, со право се рече при откривањето на споменикот дека Македонците од Балканот и Македонците од светот имаат и со што да се гордеат и да го слават делото на големиот војсководец, бидејќи тие се директни потомци на Александар Македонски.

При откривањето на споменикот на Александар III Македонски (Велики) бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, меѓу другото рече дека како прилепчанец сака да ги поздрави сите прилепчани, Македонците од САД, Македонците од Австралија, од Мала Преспа, Албанија, од Пиринскиот дел и од Одринско од Егејска Македонија.

Александар III Македонски не бил само крал на Македонците, туку тој бил крал на визијата на светот. Александар III Македонски бил визионер, не бил поробувач, тој бил најголемиот обединувач на народите, со кој и ден-денес се споредуваат лидерите. Затоа, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се ангажира да го изгради споменикот на Александар Македонски и да му го подари на својот град Прилеп, не само за прилепчани, туку за сите Македонци во Македонија и надвор од неа и во светот. Од Прилеп да тргне патот за поубава Македонија.

Честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот – македонскиот бизнисмен Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиерот на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

На овој голем настан за Прилеп и Македонија, тогашниот градоначалник на Прилеп, господинот Ристески, им додели плакети на донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и скулпторот Жарко Башески, како и на светски познатиот оперски пејач баритонот Борис Трајанов и на групата „Синтезис” за нивното учество во делот на културната програма.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече дека градот под Марковите кули, од тој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно – грандиозен споменик на Александар III Македонски (Велики).

Старите Латини рекле дека името е знак, не знам зошто и не знам кога, но навистина е речено дека името како знак всушност е препознавање, тоа е корен и стебло на еден народ, името на Александар Македонски е нашата препознатливост. Госпосинот Ристески рече дека денес не зборува од лично име, ниту како градоначалник, туку како Македонец кој има чест да зборува, на овој голем ден за нашиот град.

Особено радува тоа споменикот за Александар Македонски е донација на прилепчанец господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, човекот кој покажа како се сака својот град, како се инвестира во него, како се заживува локалното стопанство и што значи да се биде културен мецена. Тешко ќе беше да се реализира овој проект без неговата несебична поддршка. Секој грам бронза, секое зрно камен и секоја плочка мермер се дел од прилепската културна атракција.

Од таа сцена произлезе и се анимираа идните македонски културни амбасадори, уметници со кои се гордее и град  Прилеп. Фасциниран од идејата и од реализацијата на овој проект, бизнисменот Џорџ Атанасоски со огромно задоволство ја прифати поканата за учество на светски признатиот оперски пејач, баритонот господинот Борис Трајанов. А таму беше и групата „Синтезис“.

Инаку, споменикот е висок шест метри и е изработен од бронза, а копјето е долго 5,30 метри. Штитот има пречник од околу еден метар и на него е претставен релјеф со сцени од Илијадата.

Затоа беше изразена осебна благодарност до нив и до човекот со волшебни раце, кој го излеа овој споменик, господинот Жарко Башески, како и до сите фирми и работници, кои активно беа вклучени во реализацијата на проектот.

При таа прилика беше речено дека ако градот Александрија, кој го основал Александар Македонски, во минатото имал огромна библиотека, која потоа изгорела, Прилеп на ова место доби библиотека на отворено каде секој посетител ќе може да се запознае со историјата на градот и со прилепските автори.

Пишува:Славе Катин

 

 

SHARE