Подготовките на Александар Македонски за Персиската војна

ПОДГОТОВКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА

Бидејќи беше обновен мирот во Античка Грција, по враќањето во Македонија (октомври 335 година), Александар Македонски конечно можеше да се посвети на подготовките за азискиот поход. Но, тоа беше само принуден мир што преовлада во Елада. По здобиеното искуство од последните две години, никој не го увиде тоа толку јасно како Александар, па затоа донесе одлуки кои се однесуваа на подготовките на плановите за војување.

Бидејќи Александар Македонски немаше доверба кај голем дел од античките Грци, го остави верниот Антипатер во Македонија со половина од неговите регрути, 12.000 фалангисти и 1.500 коњаници. Антипатер беше одговорен да внимава и на Лигата како претставник на хегемонот, веројатно со титула на стратег. Истото сомнение беше причина Александар да ги ограничи контингентите од Лигата на не повеќе отколку што беа потребни за панелинистичката експедиција.

Освен флотата од 160 триреми, како беше наречена грчката античка флота, се споменуваат уште 7.000 пешаци и 600 коњаници, како и 1.500 тесалиски коњи, кои подоцна, веројатно, беа приклучени кон кралската војска и ја добија неговата посебна доверба, а одиграа важна улога во големите битки во Азија. Без коњаниците залудно е да се постават 7.000 пешаци во борбен фронт. Се добива впечаток дека независно од Тесалијците, Александар Македонски ги зеде античките грчки контонгенти повеќе како гаранција за да има мир во Елада.

Античката грчка флота во почетокот претпазливо беше држена надвор од дејствата. Тоа беше неизбежно поради големата супериорност, како според бројност така и според квалитетот на персиската флота од 400 воени бродови, со своите одлични феникиски и кинриотски воени бродови.

Военоморнаричката супериорност на непријателот имаше значајно влијание врз плановите на Александар Македонски за војување. Бидејќи персиската морнарица го контролираше морето, накголемата опасност доаѓаше од можноста Големиот крал да ја префрли војната на почвата на Античка Грција и со своето огромно богатство да ги присили античките Грци да војуваат против Александар.

Како решение морето не доаѓаше предвид поради недоволната сила и недоверливата природа на античката  грчка флота, па затоа Александар Македонски направи вешт план за парализирање на поморското предимство на противникот, со тоа што со  копнената војска прво го освои медитеранскиот брег на Персиската империја, со цел да ги окупира важните места и пристаништа на персиската флота, а пред се’ целото феникиско крајбрежје.

Преминот за Азија кај Хелиспонт

Дариј и Александар

Александар не навлезе длабоко во Азија се додека детално не ја реализира својата програма. Бидејќи тешко може да се претпостави каква беше неговата замисла за освојување кога премина во Азија, не се знае кога е направен овој стратешки план, пред или во текот на победоносниот напад.

Силата на Александар Македонски беше во копнената војска. Врз неа, особено врз неспоредливо силната  македонска елита, што неговиот татко му ја остави во наследство, а која беше обучена до совршенство, како и врз самодовербата на војничкиот гениј, се темелеше апсолутната сигурност на победата. Не само што тоа му ја заситуваше душата на младиот крал туку со тоа успеа да ги инспирира своите Македонци кои му беа неограничено верни. Без неговата сигурност за победа и без непобедливата желба за освојување, многу акции и успеси на Александар ќе беа нејасни.

Неговата војска беше  помалубројна според онаа на противникот. Вклучувајќи ги античките грчки контингенти и околу 5.000 антички грчки наемници и контингентите на Тракијците, Агријаните и другите балкански племиња, војската на Александар Македонски, кога премина во Азија броеше околу 30.000 пешаци и 5.000 коњаници. Во коњицата беа вклучени 1.500 македонски коњаници (кралски следбеници), кои независно од кралскиот полк беа регрутирани од местата кај брегот што беа приклучени кон кралството на Филип Македонски.

Регрутите од дворјанството од пределите на Стара Македонија, меѓутоа, останаа во заднината со Антипатер. Отпорот на луѓето од Стара Македонија што подоцна беше насочен против Александар, кога тој ги запостави македонските интереси, дојде повеќе од македонската пешадија отколку од кралските следбеници.

На прашањето со колкава војска Дариј располагал во рамките на државата тешко е да се одговори. Неговата империја која се протегаше дури до границите на Индија имаше теоретски непроценливи можности, но практично тие беа ограничени од огромното растојание и според тоа имаше големи тешкотии за регрутирање. Може само да се постави прашањето, колку војска Големиот крал, всушност, беше вклучил на бојното поле против Алекдандар, во одделни борби.

Ако ги напуштиме страшно големите бројки, што традиционално се споменуваат, како што се направи тоа за персиските војни од четвртиот век, непобитно е дека Александар Македонски ги доби трите битки, Граник, Ис и Гавгамела, против супериорно побројниот непријател, чиј број се зголемуваше во секоја прилика.

Покрај избраната војска од Персија и Источен Иран, Големиот крал, како и неговите претходници особено се потпре врз античките грчки наемници, наспроти одлуката на Коринтската лига дека ниеден антички Грк не смее да стапи во воена служба како наемник во Персија.. Така, неколку илјади антички грчки наемници му служеа на Големиот крал, а некои од нив му беа верни до неговото пропаѓање.

Инаку, позабележителна беше  инфериорноста на Александар Македонски од финансисли аспект. Големиот крал имаше на располагање неограничено богатство од сребро и злато, сместено во благајните на поголемите градови. Кога стапи на должност, Александар во државната благајна затекна скудни 60 таланти готови пари, потоа зеде на заем 500 таланти, кон кои мораше да го додаде својот поранешен заем од 800 таланти.

Под претпоставка дека овие бројки се точни изненадува фактот ако според една друга сметка, што е исто така непроверена, Александар Македонски должел само 200 таланти кога заминал за Азија. Во секој случај бил должен кога го преминал Хелеспонт. Се вели дека имал само 70 таланти во готово за одржување на својата војска и залихи за не повеќе од триесет дена. Доколку немаше доверба во победата, ќе беше наречен авантурист. Но, Александар сметаше со апсолутна сигурност дека непријателските земји ќе му ја хранат војската, што се покажа точно.

Неговата самоувереност во победата делумно објаснува зошто уште на почетокот беше повел со себе историчар кој требало да ја пишува историјата за да ги информира античките Грци за подвизите во Азија. Историчарот беше Калистен од Олинт, внук и ученик на Аристотел, кој му го препорача на кралот за оваа работа. Калистен веќе беше познат во античката грчка историја со делото “Хеленика” што се појави во тоа време.

Преку посредувањето на Калистен, кого го славеше како реалист на панелинистичката идеја, Александар Македонски имаше намера прво да изврши влијание врз античкото грчко чувство. Во исто време, чудата на Исток што се надеваше дека ќе ги види, требаше да се опишат за доброто на античките Грци. Подоцна менталните промени го доведоа кралот во трагичен судир со својот историчар. Калистен направи прв книжевен опис за азискоатичкиот поход, а дотогаш под контрола на Александар Македонски, Калистен го усвои панегиричкиот јазик.

 

Продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *