Почитувани,
Македонската Алијанса го поздравува ставот на Претседателот на Републиката, Ѓорѓе Иванов. Без дилеми, и јас би постапил исто! Ова се историски моменти и предизвици за Татковината и Македонскиот народ. Сега не е време за калкулации туку за јасен и недвосмислен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник! Или ќе се бориш со сите демократски средства да го спречиш велепредавството на немакедонската Влада или го поддржуваш сопственото обезличување. Нема трето, нема и таму и ваму! Историјата ќе суди кој е на вистинската страна!
Добро е што пред Македонската Дијаспора, Иванов потврди дека ќе го бојкотира референдумот. Нема сомнение дека секој искрен патриот и човек кој е свесен за одговорноста која ја носи функцијата која ја обавува, ќе постапи исто! Највисока должност на Претседателот на Републиката е да го штити Уставот и интегритетот на Република Македонија. Ниту еден Државен функционер во Татковината не добил мандат од Македонскиот народ да го обезличува и да му ги брише историските корени.
Ја користам приликата да го повикам Претседателот на Републиката да го искористи своето обраќање пред Генералното Собрание во ООН и да му испрати на светот јасна порака дека Македонија и Македонскиот народ не се на распродажба. Ние ги разбираме стратешките интереси на меѓународните сојузници, но нема да дозволиме нашиот идентитет, историја и гордост да биде монета за поткусурување. Сакаме да станеме дел од ЕУ и НАТО Алијансата, но не сме подготвени да ја платиме највисоката цена. Бараме правда и еднаквост. Македонскиот народ, како и сите останати, мора да го ползува највисокото и неприкосновено демократско право на самоопределување. Да бидеме свои на своето! Имаме пресуда на Меѓународниот суд во Хаг кој потврди дека правдината е на наша страна. Не може сите уцени, средновековни националистички барања на Грција ние да ги исполниме! Доста беа отстапки! Доста е од понижувања!
ЗА СЕКОЈ ИСКРЕН ПАТРИОТ, НЕУЦЕНЕТ И ЧЕСЕН МАКЕДОНЕЦ РЕФЕРЕНДУМОТ НЕ ПОСТОИ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ГИ НАПОЛНИ КУТИИТЕ НА 30-ТИ СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗВАДИ НА УЛИЦИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА!
МАКЕДОНИЈА Е, БИЛА, И ЌЕ ОСТАНЕ ВЕЧНО МАКЕДОНИЈА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА