Селцас: Договорот од Преспа е позитивен и во корист на двата народа

Позитивен и во корист на двата народа е Договорот од Преспа, според Константинос Селцас, пратеник од грчката владејачка партија СИРИЗА.

Во интервју за МИА, изразува надеж дека двете страни успешно ќе ги завршат предвидените обврски и договорот ќе се имплементира, бидејќи соседните земји треба да бидат и пријатели.

Во грчкото село Псарадес, на 17 јуни, за време на потпишувањето на договорот, присутни беа и грчки и македонски пратеници, кои имаа можност во поопуштена атмосфера да разменат мислења, меѓу претставниците грчките пратеници од СИРИЗА, беше и Селцас, кој вели дека со колегите од Македонија, разговарале за поголема парламентарна соработка.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, пратеникот Селцас во пресрет на референдумот вели дека потребно е „ЗА“ да добие силно мнозинството,и додава дека и тој лично е „ЗА“.

Господине Селцас, како би го карактеризирале Договорот од Преспа?

– Договорот од Преспа е авангарден и договор во корист на двата народи, од него ќе имаат придобивки и двете држави и двата народа во заедничкиот тек во Европската унија. Би го карактеризирал како многу позитивен и лично им честитам на двајцата премиери кои придонесоа во оваа насока.

За да стапи во сила договорот пред нас имаме процеси и во едната и во другата земја. Сметате дека сѐ ќе се заврши успешно, дека ќе помине договорот и на референдумот и во грчкиот Парламент?

– Посакувам да помине. Верувам дека ќе помине. Во оваа насока чекориме и покрај тешкотиите што се појавуваат и во едната и во другата држава. Но, верувам дека на крај ќе победи логикат , ќе победи заедничката иднина, мислам дека не постои друг начин од овој, за  да најдеме заеднички решенија, заедничко решение,  мислам дека не е во интерес да не постои решение, бидејќи не можеме повеќе да чекаме,треба да стекнеме пријател, а пријател е секогаш соседот, така што треба во секој случај да помине.

Ги споменавте претходно придобивките, Вие бевте во Преспа кога се потпишуваше договорот, заедно со пратеници од СИРИЗА и имавте можност да поразговарате со колегите пратеници од Македонија. Сметате дека овој договор отвора перспективи за поголема парламентарна соработка?

– Секако, секако, разговаравме сте пратеници заедно во Преспа, бевме среќни, и искрено тоа беа навистина многу емотивни моменти  и другите колеги и од грчкиот парламент и од собранието на соседната земја, сфативме дека навистина не постои ништо што ги разделува двата народи и треба да најдат заедничка точка за разговор.

Разговаравте за некои конкретни проекти, за некоја конкретна соработка?

– Да, да секако. Разговаравме за соработка и за контактите што треба да ги имаме и парламентарни соработки и парламентарни контакти за да се зближиме, за да го запознаеме соседот, да се запознаеме како соседи и да видиме кои сме и што бараме во оваа насока.

Според вас, реакциите што постојат во двете земји, особено од опозициите, се очекувани? Можеби очекувавте посилни реакции или можеби помали?

– Реакциите беа очекувани. Не кријам дека национализмот се насочени и од двете страни, и од едната и од другата страна затоа што едниот национализам го храни другиот национализам. Така што, очекував, но веруваме дека на крајот ќе преовладее логиката,  затоа што национализмот нема иднина во Европската унија. Национализмот во минатото има донесено народи во многу тешки ситуации и ние овде на Балканот бидејќи го знаеме национализмот треба да го отфрлиме  и да го оставиме зад нас. Балканот е тежок регионот, тешки соседи сме,  но конечно ова треба да биде минато.

СИРИЗА е секогаш „во прв ред“ против национализмот…

– СИРИЗА, левицата секогаш е во прв ред и искрено донесе одлука и покрај тешкотиите рековме дека треба да одиме напред, да решаваме проблеми, а не да создаваме во тешкиот регион на Југоисточна Европа.

На една седмица пред референдумот, што би им порачале на вашите соседи?

– Потребно е следната недела, „ЗА“ да добие силно мнозинството, така што и јас од моја страна сум „ЗА“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *