ШТО ЌЕ ПРАВАТ БИЗНИСМЕНИТЕ ЃОРЃИЈА-ЏОРЏ АТАНАСОСКИ И СТИВ ПЉАКАС СО НИВНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА?

dzordz-stiv

Бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски вели дека сaмо Сонцето е постаро од Македонија. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година. Бизнисменот Стив Пљакас, пак, заедно со професорот Мајкл Димитри се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите (Хунѕите), народ кои се смета за потомци на Александат III Македонски (Велики) во Пакистан

Името и делото на Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познато и признато на низа полиња. Тој е децениски потврден во бизнис заедницата во Република Македонија, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

Тој е човекот кој досега, со недоброени примери и факти, и таму каде што живее во Соединетите Американски Држави и во Македонија, од каде што му се корените,тој секогаш е во една лоби – офанзива со афирмативната вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

И во минатите броеви пишувавме дека во Република Македонија, за жал, античкиот период не е често и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои  го третираат ова прашање е многу мал, за разлика од нашите јужниот и други соседи, кои со векови потплатуваат и копаат по „нивната вистина”, за да ја замаглат и покријат македонската вистина. Меѓутоа, иако огромен фонд на артефакти се од нашата земји, јасно е дека  вистината не може да се закопа во земја,  оти,  кога-тогаш ке излезе на виделина.

Таков е случајот со вистината за Античка Македонија, за древните Македонци и за Македонската Империја, за кои во многу земји и на многу јазици, особено на англиски јазик  е напишано толку многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо – Библијата.

Бидејќи во Спогодбата околу спорот со името, меѓу двете страни (Република Грција и Република Македонија, н.з) во Членот 7 точка 4 се вели:

Втората страна (Република Македонија н.з.) изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на Јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката, елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна (Република Грција н.з.).

Затоа, и овој пат си го поставивме прашањето: Што ќе прават Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски од Флорида и Стив Пљакас од Канада со нивната посветеност на Античка  Македонија“?

Токму затоа, имаме можност и убава прилика и овој пат на македонски jазик да се соочиме со историската книга „Македонска империја“ што е базирана врз  вистинските аргументи  и историските пишани материјали  за Античка Македонија.

dzordz-stiv-2

Таа опфаќа значаен период на настани што се случиле на просторот од Македонија и Македонското Царство, чии граници и континуитет се менувал, но многу нешта останале трајни со неизбришливи траги во историјата на цивилизацијата. На страниците од книгата е обработена македонската вистина, многу успешно се претставени ликовите на Филип и Александар. Оваа историска книга кај читателот буди чувства за интерес на недоволно проучените периоди од античкиот период и ја јакне љубовта кон Македонија.

Во книгата „Македонска Империја’ се вели дека Александар Македонски, со своето големо дело, не само со силината на мечот, туку и со доблеста на душата, како никој пред него и по него, направил најмногу да ги сплоти луѓето од сиот Свет во Екумената, братската заедница меѓу сите народи, за која верувал дека таа некогаш ќе стане стварност.

Книгата опфаќа значаен период на настани што се случиле на просторот од Македонија и Македонското Царство, чии граници и континуитет се менувал, но многу нешта останале трајни со неизбришливи траги во историјата на цивилизацијата. Овој историска книга кај читателот буди чувства за интерес на недоволно проучените периоди од античкиот период и ја јакне љубовта кон Македонија.

Исто така, и монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а меѓу другото, содржи и голем број текстови за Античка Македонија.

dzordz-stiv-3

Почнувајчи од првиот споменик на Александар Македонски изграден во Прилеп, до положувањето на надгробната плоча на последниот македонски цар Персеј во околината на Рим, во Италија. Сето тоа е спонзорирано од големиот бизнисмен и донатор Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски.

Инаку, овој доблесен патриот вели дека сaмо Сонцето е постаро од Македонија. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година.

Се чини сонцето од Кутлеш (Палатица) е симбол на животот и работата на американскиот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и на неговите инвестиции во Република Македонија: гласилото „Македонско сонце“, ТВ „Сонце“ и хотелот „Сонце ГА“.

Исто така, во Македонија и во светот има голем број организации, институции, друштва и други асоцијации на кои им е симбол шеснаесетзрачното сонце, меѓу кои и името на ресторанот на бизнисменот Ристо Гуштеров во Нејплс во Флорида го носи името Виргина (Палатица -Кутлеш).

Посебно внимание заслужува во оваа пригода да се спомене дека особено Македонците во Мала Преспа ги негуваат вредностите на националната самобитност.Тие останаа Македонци на својата земја и огниште, со свој мајчин македонски јазик, македонска култура, традиција, историја, македонски нишани…

Како резултат на тоа, од 19 септември (гроздобер) 2004 година, античкиот симбол – шеснаесетзрачното сонце се вее и на симболот пред општинската зграда во Пустец, Мала Преспа. За античкиот симбол на општинското знаме, секако има заслуги Светскиот македонски конгрес и збратимената општина Гази Баба од Скопје. Утврдувањето на македонскиот симбол од страна на Советот на Општината Пустец и неговото потврдување од Министерството за правда на Република    Албанија ја направи единствена општина со Македонци во светот, која за официјален симбол го утврди македонското шеснаесетзрачно сонце.

Јавното објавување на симболот на Општината, симболично го означи и воведувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во административна употреба во Република Албанија, бидејќи на грбот – називот на Општината е напишан и на македонски и на албански јазик.

Меѓутоа, најголемиот чувар и бранител на симболот од Кутлеш е, секако, бизнисменот Атанасоски. Тоа Сонце постојано го води во текот на целиот негов живот, а тој тоа го потврдил особено преку гласилото „Македонско сонце“ чиј развој е тесно поврзан со идеите на одреден број Македонци во дијаспората.

Исто така, во монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“се вели дека почнувајќи од древниот период па сè до денес Македонија била, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни ќе се види дека Македонија имала чудна судбина. Имено, низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес.

Во монографијата исто така е пренесен и летописот на Ерусалим каде се наоѓа и името на Александар Македонски. Имено, Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу кои и од Александар Македонски. Ин­тересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година пред новата ера, протерувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хармонија на Израелците.

Во монографијата, пак, „Стив Пљакас“ (2018), од Славе Катин, која е на англиски и на македоснки јази се вели дека тој е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со Античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за Античка Македонија. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ кои се смета за потомци на Александат III Македонски (Велики) во Пакистан.

За неговото патување за Пакистан тој ќе изјави: Александар минал околу седум илјади милји за да ја промовира македонската култура со својот потфат. Ние патувавме само  во еден дел од долгата траса на воинот следејќи ги неговите траги. Замислете си уште колку непознати факти се поврзани со македонските корени што останува да ги пронајдеме“, завршува Стив Пљакас во својата репортажа за Македонците на Хималаите и за трагите на Александар Македонски.

dzordz-stiv-4

Работата и многугодишниот најразновиден ангажман на Стив Пљакас со силен порив и признателност во македонска заедница во Канада, а и на Флорида, е поттик и пример како се афирмираат националните достоинства на северно-американските простори. Во импресивниот биланс, меѓу другото, се сместуваат организирањето на хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата, културата, духовното живеење, спортот, собирите, пикниците и други активности за голема промоција и за исклучителна презентација на Македонците во дијаспората.

Меѓу другите активности во новата средина во Канада е тоа што Стив Пљакас стана  член на масонската ложа во Њу Маркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот.

Тој е човекот кој е сопственик на големиот и единствен трговски центар со името „Македонија“ во Њу Маркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

Воден од љубовта кон татковината и од нејзиното Сонце, како Големиот Александар Македонски, тој е мошне активен и во Македонија. Цели дваесет години од осамостојувањето на Република Македонија, тој со срце, душа и голема љубов учествува во политиката, културата, медиумите и воопшто во социјално-општественото живеење и опстојување на својот народ и својата татковина Република Македонија.

Името и делото на Стив Пљакас е тесно поврзано со Олимписките игри во Атина во 2004 и во Пекинг во 2008 година Тој беше еден од главните спонзори за македонските спортисти. Пред тоа, поради неговите активности и придонес за македонските спортисти од Канада, Стеве Пљакас беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на Македонците во Канада.

Олимписките игри во Пекинг беа голем предизвик за Стив Пљакас. И тука, како еден од големите спонзори на македонските спортисти,  преку нив ја изрази силната љубов кон дедовската земја Македонија. Чинот на носењето на македонското знаме на Олимписките игри и во Пекинг, како и во Атина, беше возбудлив настан и за Стив и за неговото семејство, за што тој доби бројни пофалби и признанија.  За Стив Пљакас како знаменосец тоа ке остане незаборавно и неповторливо.

„Македонска нација“

dzordz-stiv-5
Златниот ковчег со шеснаесет кракото македонско сонце од Кутлеш (Палатица)

dzordz-stiv-6

dzordz-stiv-7

dzordz-stiv-8

dzordz-stiv-9

dzordz-stiv-10

dzordz-stiv-11

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *