Почитувани,
Немакедонската Влада не може повеќе да ги сокрие своите шарени лаги. Се редат шлаканици од официјална Атина. Мицотакис на Германскиот Министер за надворешни работи Мас, директно му кажа дека нема да гласа за ратификацијата на Договорот Заев-Ципрас, Европратеничката Спираки во Македонското Собрание дрско изјави дека никогаш нема да го признае постоењето на македонската нација и јазик, Каменос во интервју повтори дека „скопјаните се бугари-словени“. Македонското МНР на чело со Димитров спие ли спие! На Министерот му е поважно да се смее и фотографира, отколку вистински да ги штити Македонските национални интереси! Европска вредност ли е Грчки европратеник во Македонскиот парламент да го оспорува Македонскиот национален идентитет? Зошто Европските и Светски политичари кои ве тапкаат по рамо не ги удрат Грчките националисти и радикали по устата? До кога Македонија ќе попушта? Заев, Димитров и Шекеринска познат ли вие зборот достоинство? За жал, образите ви се ѓон, опиени сте од профитерските идеи и сега не сфаќате дека народот ќе ве казни!
Уште пострашно во Грчките медиуми осамна „нон-пејпер“ кој ја опишува реалноста. Содржината на овој документ е скандалозна! Во неколку наврати предупредивме дека кога би почнало да се спроведува велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска во пракса, толку многу ќе боли, што и тие малкумина што денес го поддржуваат нивниот кукавичлак, ќе си чукаат главите и ќе си кубат косите. Изродите на Македонскиот народ што упорно ја кријат содржината на Уставните амандмани, мора да излезат и да го погледнат во очи Македонскиот народ и да му ја кажат вистината! Точно ли е дека Заев, Димитров и Шекеринска прифатиле Грција да не ословува „Северна Македонија“ без Англиски превод, се согласиле придавката „македонски“ да важи само за државјанството, а не и за националноста и идентитетот, презеле обврска да ја избришат Асномска Македонија од Преамбулата на Уставот и да направат размена на споменици со Солун? На тие прашања должат одговори пред 30-ти септември.
Децата ни умираат по болниците, пензионерите се лишени од достоинствен живот, а останатите се борат за гол опстанок. Изродите, шпионите и предавниците мора конечно да разберат дека ова прашање е многу подлабоко од тоа што нивните плитки глави можат да го разберат!
ОТКАЖЕТЕ СЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА! ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИФАЌАМЕ!
Нема да дозволиме тие што доаѓаат да станат изгубени генерации кои ќе лутаат по животот како безимени и без историски корени! Без да знаат вистински кои се! Нема да дозволиме да израснеме деца кои мислат дека е нормално да ја свијат опашката кога некој ги негира како живи битија!
МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА