Деца од Крижевци на зимување на Пониква

Општина Кочани ја продолжува соработката со збратимената општина Крижевци во Република Хрватска што е воспоставена во делот на образованието, во рамките на која  и зимава најдобрите ученици од основните учуилишта од оваа општина ќе престојуваат на зимски одмор на Пониква на Осоговските планини.

– Соработката  веќе трета година ја продолжуваме и понатаму, при што на летување и зимување заминуваат најдобрите ученици кои се првенци на генерацијата од двете збратимени општини. Учениците првенци на генерацијата од нашата општина во летниот период летуваат  во детското одморалиште на островот Паг на сметка на градот Крижевци, додека oпштина Кочани во зимскиот период организира зимување во спортско рекреативниот центар Пониква за учениците првенци од Крижевци, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина  Кочани.

Во Кочани на зимски престој се очекува да престојуваат 11 лица од кои тројца наставници и осум ученици. За оваа намена општина Кочани обезбеди буџет од 90 илјади денари во кој се обезбедени седум полни пансиони. На овој начин општина Кочани ги промовира можностите во делот на планинскиот зимски туризам и потенцијалите на овој лан на Пониква и на Осоговските планини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *