Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи Конференција на тема „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“.

На конференцијата воведни излагања ќе имаат Калинка Габер, државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања и Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за пристапни преговори и соседска политика.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на настанот искуства и добри практики ќе разменат Бојан Маричиќ, главен технички преговарач, Андреј Енгелман, поранешен член на преговарачкиот тим на Словенија, Владимир Атељевиќ, член на преговарачкиот тим за Поглавја 30 и 31 од Република Србија и Драгана Марковиќ, советник на главниот преговарач на Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *