Али Ахмети на средби со европратениците: Нашата вистинска насока е Западот

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција , г. Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со пратениците на Европскиот Парламент, Алојз ПЕТЕРЛЕ, EPP Словенија, г-ѓа Билјана БОРЗАН  S-D,Хрватска, г. Мишел КРАМЕР Verts/ALE,   Германија, Џон Ховарт  S-D,  Велика Британија, Туне КЕЛАМ EPP, ЕСТОНИЈА, г-ѓа Ивана МАЛЕТИЌ EPP, Хрватска,  г. Димитрос ПАПАДИМУЛИС GUE/NGA,  Грција, г-ѓа Маријана ПЕТИР EPP, Хрватска,  г-ѓа Мариа СПИРАКИ  EPP, Грција како и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, г. Самуел Жбогар.
Г. Ахмети им се заблагодари на гостите кои доаѓаат во подршка во овие важни моменти за нашата земја и се постројуваат во подршка на евроатланската иднина на Македонија.
Овие посети следат после успесите како што се Договорот со Бугарија, итните реформи , заокружувањето на Охридскиот Рамковен Договор  и Договорот со Грција, во пресрет на референдумот.
На референдумот се одлучува и за мирот,  безбедноста, стабилноста и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи како и за Евроатланската интеграција.
Г. Ахмети истакна дека од Договорот од Преспа  нема губитници, туку само победници затоа што победуваат граѓаните, победува Македонија, Грција, регионот и Европа.
Европратениците едногласно изразија подршка за Евроатланските аспирации на Македонија и ги охрабрија домашните сили да го продолжат патот кон Брисел.
На крај, г. Ахмети истакна дека историјата во неколку случаеви се повторува и Првата светска војна, различно од Втората, уште не е завршена бидејќи денешните последици во Југоисточна Европа доаѓаат како резултат на одлуките на Версајската Конференција, но и од порано, од Берлинската конференција.
Затоа, во овие клучни моменти,  кога ние се наоѓаме на крстопат, треба да се ориентираме на вистинската насока, на запад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *