ТУРНИРОТ ВО СКОПЈЕ – ПОСЛЕДЕН ФИЛТЕР

Ракометарките на Вардар својата последна, генерална проба пред продолжување на натпреварите во ЛШ ќе ја имаат на регионалниот турнир кој од 19-21 јануари ќе се одржи во Скопје.

Покрај Вардар, на овој регионален турнир, кој трети пат по ред ќе биде одржан, ќе учествуваат и екипите на Будуќност и Крим. Позната е и сатницата на натпреварите.

На 19. јануари ќе се сретнат Вардар и Будуќност, на 20. јануари Крим и Будуќност, а ќе заврши на 21. јануари со натпреварот Вардар – Крим. Инаку сите средби ќе почнуваат во 17 часот.

На сите досега одиграни натпревари, на претходните два турнири одржани во Подгорица и Љубљана, Вардар извојува четири победи.

На 27. јануари, во ЛШ, Вардар се среќава со екипата на Мец.

SHARE