„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески – македонски кандидат за Оскар

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „ Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.

Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики,  ја донесе комисја во состав: во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *