ЌЕ СЕ СПАСИ ЛИ ПЕЦЕ И ГОДИНАВА?

До Собранието на КФМ остануваат уште пет дена, а се погласни се најавите дека на него ќе дојде до смена на актуелниот претседател, Пеце Наумоски. Минатата година тој успеа да се избори да остане на чело на КФМ, но оваа година предизвикот ќе биде уште поголем, бидејќи како што се слуша, веќе ја загубил поддршката од поголемиот број клубови чии претставници ќе треба да гласаат.

Како конкуренти на Наумоски се споменуваат поранешниот претседател, Даниел Димевски и нашиот прославен репрезентативец, Владо Илиевски. И додека од Димевски се слушаат најави дека во битка за претседателската функција ќе влезе заедно со Илиевски со цел да се сруши Наумоски, од таборот на Илиевски доаѓаат најави дека тој сака самиот со своја екипа да се обиде да ја исправи патеката по која тргна македонската кошарка.

Како и да е, за пет дена најверојатно ќе се знае дали Пеце овојпат конечно ќе “падне” или сеуште ќе остане на претседателската функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *