Схинас: Договорот од Преспа значаен за развојот на регионот

Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје за името Македонија е значајно за целиот регион и претставува успех и на бугарското претседателство, изјави портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.

– Важен е фактот дека по толку години имаме спогодба. Сега зависи од луѓето и парламентите на двете земји за да го придвижат прашањето напред. Сметам за да се случи тоа важно е ние да не даваме погрешни сигнали. Мислам дека има широк консензус како на европско, така и на светско ниво дека тоа прашање е значајно за развојот на регионот, за кој Винстон Черчил има кажано дека произведува многу повеќе историја отколку што може да понесе, вели портпаролот на ЕК Маргаритис Схинас в о изјавата дадена за Бугарското национално радио .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *