Измените на законите за администрација во Собрание

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе разгледа неколку измени и дополнувања кои се однесуваат на закони за администрацијата.

Пратениците ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, на Законот за управната инспекција, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и на Законот за архивски материјал, сите во прво читање. На деневен ред се и Предлог на закон за реализирање на рамноправноста на службените јазици и писма во Република Македонија, во прво читање, поднесен од Мендух Тачи,  Бардуљ Даути, Мерал Узеири Ферати и Предлог – закон за амнестија, во прво читање.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за култура која ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за културата, на Законот за заштита на културното наследство и на Законот за филмската дејност, сите во прво читање