Презентација од мониторинг на исполнувањето на Планот 3-6-9

Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје ќе ги презентира резултатите од Мониторингот на исполнувањето на мерките од Итните демократски реформи и планот 3-6-9 во Република Македонија во делот на јавните финансии.

Од ЦЕА соопштија дека целта  е да се даде осврт на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија и што тој содржи во делот на Јавни финансии и економија, како и да се даде независна оценка за напредокот од исполнувањето на мерките кои се идентификувани од граѓанскиот сектор на Република Македонија, а објавени во документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи ”.