Вуцис: Во февруари или март Договорот во Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент

Мислам дека не постои можност Договорот од Преспа да не биде ратификуван, вели претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис во интервју за грчката телевизија Алфа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Вуцис смета дека решението меѓу Македонија и Грција пред пратениците ќе дојде во февруари или март и дека ќе има јасно мнозинство што ќе гласа „за“.

– Штом соседната земја ги исполни сите предуслови предвидени со договорот и доколку се согласно со договорот, ќе дојде за ратификација и гласање во грчкиот Парламент, а нашата проценка е дека овој временски период може да е февруари, март и дека ќе постои јасна, да не го употребам зборот широко, затоа што често го употребуваме овој збор и постојат проблеми од други партии, кои велат што мислите со тоа дека ќе смениме позиција и сл, ќе постои јасно мнозинство, 151-152-153 пратеник, а дали ќе стигне до 170 пратеници, ќе знаеме тогаш, рече Вуцис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *