Традиционална приредба „Божиќна авантура“

Традиционална приредба на германски јазик „Das Weihnachtsabenteuer“/„Божиќна авантура“ ќе се одржи денеска во организација на Германскиот јазичен центари Здружението за дислексија Ајнштајн.

Целта на приредбата е да се подигне јавната свест за дислексијата,  а кај децата уште од најмала возраст да се стимулира чувството за меѓусебна грижа и радување на најблиските.
На настанот ќе има сто учесници на возраст од 4 до 14 години, кои ќе пеат, рецитираат и глумат на германски и македонски јазик.
Германскиот јазичен центар е едукативен центар специјализиран за германски јазик креиран според европските стандарди за квалитет и единствен од ваков вид во Македонија.
Здружението за дислексија Ајнштајн е непрофитна организација формирана во Декември 2013 година од родители на деца со дислексија и лица со дислексија. Идејата за формирање на здружението произлезе пред се од недостигот на информации за дислексијата. Барајќи решение и помош за тешкотиите со читање кај своите деца родителите се соочија со неинформираност на институциите и недоволна струч ност кај просветните работници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *