Писмена реакција за Заедничкиот Комитет меѓу Македонија и Грција

Почитувани,

 

Немакедонската Влада трча да го исполни своето велепредавство. Мора да ги задоволи хировите на Грците и Бугарите. Уценети, со наведнати глави, голтаат кнедли и му прават невиден зулум на својот народ. Уште еден доказ дека Заев, Димитров и Шекеринска тргнале да го лажираат референдумот е одлуката преку ноќ да го основаат Заедничкиот Комитет меѓу Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни  прашања. Далеку од очите на јавноста го назначиле за Претседател на Комитет поранешниот Амбасадор од СДСМ, Виктор Габер, кој заедно со други 7 члена, кој се уште никој не ги знае, ќе мора да го обезличи Македонскиот народ. Ќе се обидат да му ги избришат историските корени, лажно да ги направат Грците единствени потомци на Александар Македонски и да ги ревидираат сите Македонски учебници по Грчки терк. СРАМ И АРАМ НЕКА ИМ Е ШТО СЕ НАФАТИЛЕ!

 

Договорот Заев – Ципрас не произведува правно дејство! Македонскиот народ веќе го одби. Ратификацијата од коалицијата на СДСМ и ДУИ-ДПА во Македонското Собрание нема потпис од Претседателот Ѓорѓе Иванов. Зијадин Села и Биљал Касами уште од сега уценуваат за евентуалните Уставните измени. Ратификацијата во Грчкиот Парламент виси. Коалициониот партнер на Сириза, Панос Каменос во Солун повтори дека не сака да чуе Македонија да биде содржана во решението на спорот. Идниот Грчки Премиер Кирјакос Мицотакис е на иста линија.

 

Клучното прашање е што исполнуваат изродите на Македонскиот народ? Кој им дал право така лесно да го распродаваат најсветото што со крв и лични жртви го стекнале Македонските херои?

 

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА!  ПРЕДАВНИЦИТЕ И НИВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ПОЛИТИЧКИ И КРИВИЧНО!

 

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е,  И ВЕЧНО ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *