Владата ќе ги покрие долговите за режиски трошоци на повеќе студентски домови

Владата на Република Македонија на 43. седница донесе одлука за доделување финансиски срeдства на повеќе државни студентски домови за да се надоместат долговите и преостанатите режиски трошоци до крајот на годината.

На седницата е донесена и одлука за основање Совет за реформа на јавната администрација. За претседател на советот е именуван премиерот Зоран Заев.

На 43-тата седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од основање Координативно тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори.

Ги задолжи сите надлежни државни органи, акционерски друштва и јавни претпријатија во државна сопственост  во рок од 10 дена до Координативното тело да ги достават сите информации кои ги поседуваат, а кои се однесуваат на склучени договори кои содржат клаузула за арбитража, странки во спорот, вредност на инвестиција и вредност на спорот, дали е иницирана постапка пред арбитража, во која фаза се наоѓа таквата постапка, кои субјекти учествуваат, кои се правните застапници, каде се води постапката, кои се назначените арбитри, како и за други прашања од кои ќе може да се согледа севупноста на проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *