Владата на Република Македонија на 43. седница донесе одлука за доделување финансиски срeдства на повеќе државни студентски домови за да се надоместат долговите и преостанатите режиски трошоци до крајот на годината.
На седницата е донесена и одлука за основање Совет за реформа на јавната администрација. За претседател на советот е именуван премиерот Зоран Заев.
На 43-тата седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од основање Координативно тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори.
Ги задолжи сите надлежни државни органи, акционерски друштва и јавни претпријатија во државна сопственост во рок од 10 дена до Координативното тело да ги достават сите информации кои ги поседуваат, а кои се однесуваат на склучени договори кои содржат клаузула за арбитража, странки во спорот, вредност на инвестиција и вредност на спорот, дали е иницирана постапка пред арбитража, во која фаза се наоѓа таквата постапка, кои субјекти учествуваат, кои се правните застапници, каде се води постапката, кои се назначените арбитри, како и за други прашања од кои ќе може да се согледа севупноста на проблемот.