Заев: Дебата со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.

– Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара, рече Заев на зедничката прес-конференција во Владата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *