Писмена реакција за ставот на Академик Владо Камбовски

Почитувани,

ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

Македонската Алијанса ја повикува МАНУ да се изјасни! Има ли промена во ставот на Академиците дека се против промена на Уставното име на Република Македонија. Македонскиот народ има право да знае!

Академикот Владо Камбовски со својот личен став е дел од специјалната војна против Татковината. Неговите лажни тези дека со велепредавството не е загрозен Македонскиот идентитет се дел од стратегијата за креирање лажна надеж кај гласачите во пресрет на референдумот. Смешните тврдења дека кукавичкиот Договор Заев – Ципрас бил либерален и затоа МАНУ при неговата имплементација ќе се залагала да не се преименува во Академија на Северна Македонија што би важело и за МНТ и Филхармонијата, не се ништо друго туку перфидно извртување на вистината. Исто како злоупотребата на Косовското прашање за ширење паника кај Македонскиот народ дека ако не успее референдумот Македонија ќе се распаднела, исто како лажните анкети дека ќе има цензус на 30 септември.

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, СЕДЕТЕ СИ ДОМА. РЕФЕРЕНДУМОТ ПАЃА, А МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ РАЃА!

Академик Владо Камбовски како професор по право има должност да му објасни на Македонскиот народ какви гаранции има обезбедено немакедонската Влада дека Грција доследно ќе го почитува нивниот Договор со Ципрас. Не ја почитуваа Времената Спогодба од 1995 за што Грција е осудена од Хашкиот Суд, нема да го почитуваат ниту Договорот Заев – Ципрас. Заев, Димитров и Шекеринска мораа да ги преименуваат автопатот и аеродромот за да Ципрас и Коsијас воопшто седнат да разговараат со нив. Немакедонската Влада создава погрешен впечаток дека нивното велепредавство е карта за експресен напредок во нашите Евроатлански интеграции.

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! САМО ИЗБОРИ СЕ ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Заев, Димитров и Шекеринска продолжуваат да го потценуваат Македонскиот народ. Исплашени се од слабиот одзив на граѓаните на нивните митинзи и прослави. Претчувството не ги лаже. Се чувствува тензија во воздухот. Фактурата ќе ги стигне. Дури и да ги наполнат гласачките кутии на референдумот, дури и тенкови да извадат на улиците нема да го натераат народот да стане безимен и без историски корени.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА                                                                                                                                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *