Научна расправа за влијанието на Договорот од Преспа врз евроатлантските интеграции

Научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“ ќе се одржи денеска во МАНУ.

Расправата се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на СБ на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодна од 1995. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Спогодба од Преспа) и на општестветниот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена, се наведува во соопштението на МАНУ.

Инкорпорирањето на Спогодбата со нејзината ратификација во правниот систем на Република Македонија налага и неопходност од научно толкување на нејзината содржината и објаснување на нејзините импликации врз правните поредоци на договорните страни, но и врз билатералните и меѓународните политички, дипломатски, економски и други односи, се додава во соопштението.

Учество на расправата ќе земат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на органите на власта и на акредитираните дипломатски мисии во Република Македонија.

На расправата е најавено учество на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Премиерот Заев, вицепремиерот Османи и министерот Димитров ќе учествуваат во првиот панел „Меѓународен и политички контекст и значење на Спогодбата“.

Во првиот панел учество ќе земат и претседателот на МАНУ, Таки Фити, првиот претседател на Собранието Стојан Андов, амбасадорите на САД, Франција и Германија, Џес Бејли,  Кристијан Тимоние и Томас Норберт Герберих.

Вториот панел е насловен „Толкување на спогодбата и нејзините импликации“.

Меѓу учесниците се Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, членот на МАНУ Георги Страделов, професорот Владо Поповски, Блерим Река, проректор за меѓународни односи на Универзитетот на ЈИЕ и редовен професор на Правниот факултет, ректорот на ФОН Нано Ружин, деканот на Правниот факултет  „Јустинијан Први“  Горан Коевски и Љубомир Гајдов, член на тинк-тенк телото „Глобална иницијатива за истражување на стратегиски проблеми“, Центар за стратегиски истражувања при МАНУ.

Свои излагања ќе имаат и Дејвид Стивенсон, поранешен раководител на одделот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД во Скопје и Вели Креци, вонреден професор на Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *