Писмена реакција на изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани на Македонија и Бугарија

Почитувани,

Заев не престанува да ја понижува Македонија и Македонскиот народ!

Без трошка национална свест, со целосно безумие, тој без срам покажува дека се срами до Македонската историја. Брутално ја распродава како да му е дедовина. Еднаш му се извинува на Борисов за тоа што ја кажал вистината за Илинденското востание, сега на прес конференција во Македонската Влада, Заев скандалозно изјави дека „Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани на Македонија и Бугарија “. Веќе никој нема сомнеж дека овој човек е уценет и поставен на функција за да целосно го подрие Македонското национално ткиво.

БЕДНО И СРАМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ!

Со вакви изјави се потврдува дека Македонската Алијанса е во право кога тврди дека Договорот со Бугарија и Грција се тешко велепредавство. Заев, Димитров и Шекеринска преземаа обврска да се понижат на големо бугарскиот национализам. Официјална Бугарија продолжува со негаторскиот однос кон Македонскиот идентитет. Тие и понатаму нема да го регистрираат ОМО Илинден – Пирин, а дополнителна провокација и шлаканица на Македонскиот народ беше и уцената и притисокот на Бугарија кон Албанија со политичка одлука Македонците кои живеат во Голо Брдо да се признаат како Бугари. Бедно и срамно!

Носителите на оваа погубна политика Заев, Димитров и Шекеринска се луѓето кои веруваат дека го прелажаа Македонскиот народ да си го продаде својот идентитет и ќе стојат запишани во новата историја како гробари на Македонштината, како предавници еднакви на оние шпиони во Македонските револуции.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!

Мои браќа и сестри, не се плашете. Не дозволувајте оваа ненародна Влада да го реализира својот план за разнебитување на Македонштината. Договорот со Грција и референдумското прашање се врвот на велепредавството кое мораме да го спречиме. Ова е последната шанса на Македонецот да покаже дека ги знае своите корени и дека нема да дозволи никој да ја препишува Макдонската историја и вистина.

МАКЕДОНИЈА Е ИСКОНСКА ЗЕМЈА, ЗЕМЈА НА ХРАБРИТЕ И ОДЛУЧНИТЕ!

 

                                                                                                   Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,                                                                                                           

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                                     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *