ВМРО-ДПМНЕ: Нема реален напредок на економијата

Економијата повеќе од 15 месеци тоне. Нема реален напредок, а граѓаните се се посиромашни. Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број на работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Странските инвестиции се моторот на економијата и фактор кој продуцира додадена вредност. Сите други сектори тонат поради неодговорните политики на власта.

Власта го гуши реланиот сектор, наместо поддршка за домашните компании кои произведуваат и се извозно ориентирани гледаме како владата преку Фондот за иновации дели грантови на  партиски функционери, дели милионски тендери на ново формирани фирми и дава лиценци за спроведување возачки испити на фирми без ден работни искуство во областа.

Компаниите се понижени и немаат простор за работа, а граѓаните се соочуваат со реално намален стандард.  Стоките и услугите се поскапи, а платите не само што не се зголемуваат туку и се намалуваат.

Градежништвото е во застој, а процентот на реализација на капитални инвестиции од почетокот на годината заклучно со месец јули изнесува само 21.33%, што е историско најниско ниво и е показател на целосна неспособност на извршната власт.

Република Македонија во  изминативе 15 месеци доживува само порази. Оваа агонија не смее да продолжи. СДСМ мора да си замине. Државата мора да тргне напред.