ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот закажан за 30 септември.

Во 15:30 часот ДИК ќе одржи седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и на која ќе го соопшти бројот на гласачи кои ќе можат да се изјаснат на референдумот.

На дневен ред на седницата се и разгледување и усвојување на барањата за добивање на овластувања за набљудување на референдумот 2018 година, поднесени од ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и ТВ Визион ПЛУС Тирана, барања за неприфаќање на извршување на должност во општинските изборни комисии и случаен избор на членови на општинските изборни комисии, како и предлог на одлука за изменување и дополнување на годишниот план за вкупните потреби од јавни набавки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *