Независни Грци: Мицотакис да каже дали прифаќа „Македонија“ во името на Скопје

Портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис бара од лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, да одговори „дали ја прифаќа употреба на името на Македонија во името на Скопје“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, реакцијата од Тосунидис до Мицотакис е по повод интервјуто на лидерот на Нова демократија за грчката телевизија „Алфа“.

– Кирјако, остануваш лицемерен, безгласен и лажен сѐ додека продолжуваш да не одговараш на прашањето што го поставивме Независни Грци и целиот грчки народ: Прифаќаш, ДА или НЕ, употреба на името на Македонија во името на Скопје?, реагира портпаролот на партијата коалиционен партнер во грчката Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *