Заев побарал законски начин да се спречи говорот на омраза во филмот „Ругање со Христос“

Премиерот Зоран Заев денеска прашан за филмот „Ругање со Христос“ изјави дека побарал од министерот за култура и директорот на Агенцијата за филм да ги спречат ваквите активности во кои се промовира говор на омраза.

–  Не можеме да го вратиме времето назад, но му дадов задача на министерот за култура да разговара со директорот на Агенцијата за филм да ги спречат и да најдат законски начин за сите активности на промоција на вакви дела, истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.

Тој додаде дека она што е финансирано од Агенцијата за филм во 2015 година е апсолутно со политичка заднина и ги осуди сите пораки што шират говор на омраза.

Вчера, и министерот за култура Арбр Адеми на прес-конференција го осуди говорот на омраза што го поттикнува филмот и истакна дека филмот нема никаква врска со актуелниот состав на министерството.

– По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со министерството и актуелниот состав на министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна вчера Адеми на прес-конференцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *