Писмена реакција за провокацијата на Грчки Катимерини

Почитувани,

ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

Ниту тајмингот, ниту методот не е случаен. Грчкиот весник Катимерини е избран да лиферува депеши од „Викиликс“ за да се обиде да влијае врз гласачите во Македонија. После злоупотребата на Косовското прашање за ширење страв, сега со информациите дека Македонскиот Државно раководство во 2008 прифатило промена на името во Северна Македонија има за цел да ги омекнува противниците на велепредавството. Подмолната теза е сите се исти, што се буните кога и пред 10 години сте се согласиле на истото!

БЕДНО И СРАМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ!

Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска на трибините да му објаснат на нивното членство какви гаранции имаат дека Грција доследно ќе го почитува нивниот Договор со Ципрас. Ако не ја почитуваа Времената Спогодба од 1995 за што Грција е осудена од Хашкиот Суд, зошто би го почитувале Договорот Заев – Ципрас. Тоа е клучното прашање! Особено, поради фактот што идниот Грчки Премиер, Мицотакис уште еднаш потврди дека пратениците на Нова Демократија нема да гласаат за ратификација на Договорот. Ставот на коалициониот партнер на СИРИЗА, Каменос дека и пратениците на Независни Грци нема да го одобрат Договорот Заев –Ципрас е причина плус немакедонската Влада да објасни зошто го лаже Македонскиот народ дека нивното велепредавство е карта за експресен напредок во нашите Евроатлански интеграции.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!

Бараме итни измени на Изборниот закон, воведување на една изборна единица со отворени листи. Како гаранција дека изборите ќе бидат навистина фер и демократски инсистираме Техничката Влада ја предводи Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од штетните политички пазари за Татковината! Македонскиот народ нема да дозволи со фалсификат референдум и насилно спроведување на велепредавството. Бара предвремени парламентарни избори на кои сака политички да ги казни предавниците!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСААЛИЈАНСА                                                                                                                                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *