Социо-економските и политичките промени во државата по промената на власта, ЕУ и НАТО интеграцијата и улогата на меѓународните партнери и нивниот придонес кон понатамошниот развој на Македонија и Југоисточна Европа. Овие теми ќе бидат разгледувани на денешната меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.
На конференцијата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска. Најавено е учество и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски, претседателот на Прогрес-Институтот за социјална демократија Сашо Додовски, претставници на политички фондации…
Организатори на конференцијата се Прогрес-Институтот за социјална демократија во соработка со Фондацијата за европски прогресивни студии, Меѓународниот центар „Олоф Палме“, Вестминстер Фондацијата при Лабуристичката партија од Велика Британија, Фондацијата „Фридрих Еберт“) – Канцеларија Скопје и Европскиот форум за демократија и солидарност.