Заев: Потребно е единство во историски моменти, Македонија нема друга алтернатива

Македонскиот премиер Зоран Заев и денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.

– Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев на конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.

Затоа јас, наваде Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин,  и оти мора да изнајде начин.

– Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот, рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *