Писмена реакција за ставот на Зијадин Села за референдумот

Почитувани,

 

Заради предавничката политика на немакедонската Влада секој си зема за право да испорачува уцени. Македонскиот народ се третира како да е гостин во сопствената Татковина. Неговиот идентитет се оспорува и од надвор, но и од внатре. Кукавичките Договори со Бугарија и Грција ги охрабруваат внатрешните националисти.

 

Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска да ја отфрлат условената поддршка на Зијадин Села за референдумот и јавно да ја осудат неговата уцена дека е потребен нов внатрешен договор меѓу Македонците и Албанците како Државотворен народ. Овој став е срамен и претставува нова провокација. Бараме за овој став да се изјасни и ДУИ. Дали и Али Ахмети се согласува со уцените на Зијадин Села?

 

Ова се последиците од срамната амнестија на Хашките случаи, неспроведување на пописот и прифаќањето на уцените со гласање на Законот за двојазичност. Во Македонија не може да има двојазичност бидејќи има Охридски Рамковен Договор кој е имплементиран во Уставот и тој мора да се почитува. Како што мора да се почитува фактот дека Законот за двојазичност не може да стапи на сила бидејќи нема потпис од Претседателот на Републиката.

 

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ ДА ЈА ОДБРАНИМЕ ТАТКОВИНАТА! РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА БИДЕЈЌИ Е ЛАЖЕН! САМО ИЗБОРИ И НОВА ВЛАДА СЕ РЕШЕНИЕ! ЗНАЕМЕ КАКО СЕ БРАНАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

Како Заев, Димитров и Шекеринска мислат да го протуркаат своето предавство на Татковината и Македонскиот народ? На ѓон, со мускули? Не, Не, во заблуда се! Македонскиот народ го одби договорот! Со трикови и политички пазарења НЕ МОЖЕ да фалсификува вољата на Македонскиот народ! Помина времето за референдум, сега е време за избори после кои изродите на Македонскиот народ ќесоочат со политичка и кривична одговорност!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                           МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА