Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера оствари средба со Јосип Јуратовиќ и Мартин Розман, пратеници во германскиот Бундестаг од партија СПД, како и со претставници од Фондацијата „Фридрих Еберт“, на која изрази благодарност за исклучително значајната поддршка на Германија во изминативе месеци во насока на напредокот на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.
Како што соопшти МНР, Димитров изразил задоволство и од важната улога што германскиот Бундестаг ја има во овој процес.
Информирајќи за текот на реформите и имплементацијата на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со Грција, Димитров нагласи дека „зголемениот интерес и зачестените посети на официјални германски претставници се јасна порака за тоа каква Македонија нашиот најважен европски партнер поддржува и силно охрабрување за чекорите што мораме да ги изодиме во овој клучен период за нашата земја и нејзините граѓани.“
Германските пратеници Јуратовиќ и Розман го поздравија видливиот напредок на Македонија на планот на реформите и во процесите на приближување кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го постигнатиот Договор со Грција.
Јуратовиќ потенцираше дека договорот претставува „светла точка не само за двете земји, туку и за целиот Балкан и Европа и јасен пример за тоа дека две демократии можат да дојдат до договор и за најкомплицирани прашања, единствено преку отворен дијалог и политика на компромис“.
Јуратовиќ оцени дека овој успех претставува и поттик за сите демократски сили во регионот и пошироко и дека официјален Берлин силно го поддржува и активно се залага за целосна имплементација на договорот.
На средбата беше изразено заемно задоволство од одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Германија и позитивната динамика во комуникацијата со претставниците на германскиот Бундестаг, а беа разменети и мислења за актуелни прашања од поширок регионален карактер.
Great write-up! The points discussed are highly relevant. For those wanting to explore more, this link is helpful: FIND OUT MORE. What are your thoughts?