Министерот за дијаспора Адеми во посета на БиХ

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, на покана на Европското движење на Босна и Херцеговина денеска ќе престојува во Сараево, каде што ќе учествува на регионалниот форум на тема „Време е за Европа“ во организација на Европското движење на БиХ.

На форумот, како што соопшти неговиот Кабинет, Адеми ќе има обраќање на тема „Европската агенда, регионалното партнерство и улогата на дијаспората во економскиот развој“.

За време на престојот во Сараево, министерот ќе се сретне со Семиха Боровац, министерка за човекови права и бегалци во Владата на БиХ, со високиот претставник на Босна и Херцеговина Валентин Ицко, и со Бранко Ружиќ, министер за државна управа и локална самоуправа во Владата на Република Србија.

На регионалниот форум, од страна на Европското движење на БиХ на Адеми ќе му биде доделено признание за „Исклучителен придонес во регионалната соработка и разбирање помеѓу културите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *