СДСМ: Ќе се охрабри ли Мицкоски да каже за што е неговата ВМРО-ДПМНЕ, за иднина или за изолација

Десет години, во секој јавен настап, во секоја изборна програма, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција, на референдум.

Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски и патриотски Договор, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема став.

Ќе се охрабри ли Христијан Мицкоски да каже за што е неговата ВМРО ДПМНЕ?

Прашањето е едноставно, или е за иднина и членство во НАТО и ЕУ или е за изолација?

Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација.

Заради амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во изолација и неизвесност.

Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.

Како одговорна и државотворна партија, СДСМ заедно со сите политички субјекти кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *