Во Македонија во услови на современо ропство живеат 18 илјади луѓе

Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади лица или 8,7 од илјада македонски државјани се робови, покажува Глобалниот Индекс за ропство 2018, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Вок фри (Walk Free).

Македонија се наоѓа на трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија, а најдобро рангиран е Луксембур, каде само 1,5 од 1000 лица се робиви.

Што се однесува на одговорот на Владата во однос на овој проблем, македонската е оценета со БББ.

„Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации. Владите може да почнат да се справуваат со проблемот на ропството во постапките поврзани со јавни набавки или кај деловни субјекти на нивна територија. Може да постојат докази дека некои владини политики и пракси може да ги криминализираат и/или резултатите при депортација на жртвите“, се наведува во појаснувањето за тоа што значи оценката БББ.

Резултатите од извештајот на светско ниво, покажува дека повеќе од 40 милиони во моментов живеат во некој вид ропство, а најмногу во Азија и Африка. Но луѓе во ропство живеат во делови на светот каде тоа не би се очекувало, како што се САД, каде во услови на ропство живеат околу 400 илјади луѓе.

Фондацијата Вок Фрио истакнува дека и натаму не постојат општоприфатена законска дефиниција за современо ропство, но дека изразот се користи за опис на специфичен сплет околности кои се сметаат за клучни за препознавање на ропството во денешниот свет. Современо ропство се одредува земајќи ги предвид следните критериуми: криумчарење луѓе, присилна работа, ропство дефинирано со меѓународната Конвенција за ропство од 1926 година, должничко ропство, присилен брак и детски труд.

Проценките во студијата се темелат на различни официјални статистики на државно и меѓународно ниво, но и со разговори со повеќе од 70.000 луѓе.

Податоците од Извештајот покажуваат дека 71 процент од современите робови се жени, додека 29 отсто се мажи. Повеќе од 15 милиони луше се наошаат во присилни бракови, што е облик на ропство, додека околу 25 милиони се присилени да работат без паричен надомест, слобода на движење и основни човекови права.

Кога станува збор за конкретни држави каде најголем број луѓе живеат како робови тоа се на прво место Северна Кореја, по што следуваат Еритреја, Бурунди, Централноафриканска Република и Авганистан. Кога станува збор за арапските држави, проблем е недостигот на релевантни податоци, иако постојат бројни медиумски извештаи за робовски труд, но и фактот дека таму работат повеќе од 17 милиони странски работници во грозни услови.

Робовскиот труд, исто така, е важна алка во глобалната економија, за што сведочи и податокот дека земјите-членки на Г-20 во една година увезле стока произведена со робовски труд во вредност од 354 милијарди долари. Поразителен е податокот дека лап-топите се на прво место на листата производи настанати благодарејќи на робовски труд. По нив следува облеката, а на трето место се рибите, по што следуваат какао и шеќерна трска, односно шеќер.

Заклучокот на Фондацијата е дека е шокантно колку современото ропство е распространето во најразвиените држави во светот. Европа е издвоена по тоа што во неа современото ропство најмалку се толерира, како и дека властите брзо реагираат на таквите појави и носат соодветни закони за борба против современото ропство.

4 thoughts on “Во Македонија во услови на современо ропство живеат 18 илјади луѓе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *